Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Страшна несреќа кај Смиљковско езеро – има повреден

фото: Centar.mk

Вчера, околу 9 часот, на обиколницата од автопатот „Мајка Тереза“, кај Смилковското Езеро, патничко возило, управувано од 35-годишно лице од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрва и ограда со метален столб.

Како што соопшти полицијата, возачот добил тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.