13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Снег вее низ Македонија – АМСМ излезе со информација

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западниот дел од државата, а во останатите делови коловозите се наместа влажни. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов нема пречки во одвивањето на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Спонзорирано: