13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Шпанскиот премиер размислува за предвремени избори

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, ја разгледува можноста за свикување предвремени парламентарни избори на 14 април, објави денеска државната новинска агенција ЕФЕ повикувајќи се на неименувани извори од владата.

Шпанскиот парламент во средата гласаше за предлог-буџетот за 2019 година иако владејачката Социјалистичка партија има помалку од четвртина од местата во долниот дом и ќе има проблем да добие поддршка за носење на законот, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Политичката ситуација во Шпанија стана крајно чувствителна со приближувањето на почетокот на судењето закажано за вторник на 12 каталонски лидери, меѓу другото, обвинети и за побуна поради своето учество во неуспешниот обид за осамостојување на Каталонија во 2017 година.

Спонзорирано: