14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Новозеландски авион на лет до Кина вратен зашто не бил регистриран

Авион на новозеландската авиокомпанија „Ер Њу Зеланд“ на лет до Шангај е вратен од административни причини, а инцидентот ќе нема политички импликации врз нашите односи со Кина, изјави денеска премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.

Авионот, со околу 270 патници, го напуштил Аукленд во саботата околу полноќ, но по неколку часа патување, свртел и се вратил назад, соопшти превозникот, кој делумно е во сопственост на владата, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Ардерн рекла дека сите авиони што летаат кон Кина мора да бидат регистрирани, што не било случај со ова патничко летало, информира АП.

Авиокомпанијата се извини што им ги расипала плановите на патниците велејќи дека и вработените се длабоко разочарани и фрустрирани од ситуацијата.

Објавено е дека во меѓувреме сите клиенти пристигнале во Шангај.

Спонзорирано: