15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

МИ6, ЦИА и Мосад заеднички прошверцувале ирански научник во Британија

Кон крајот на декември МИ6, ЦИА и Мосад спровеле заедничка операција за префрлање ирански нуклеарен научник во Велика Британија преку Ла Манш користејќи ја мигрантската криза како покритие, пренесува „Дејли експрес“.

Научникот, наводно, поседувал информации за иранската нуклеарна програма и бил вклучен во атентатот врз највисокиот нуклеарен експерт во Техеран, Мостафа Ахмади Рошан, во 2012 година.

Научникот, чие име не е откриено, првин морал да помине околу 4.828 км по копно до француското крајбрежје во близина на Кале кога израелската тајна служба го извлекла од Иран.

„Кога стигна во Франција, остана прашањето како да го внесеме во Британија. Не можевме едноставно да го сместиме во авион. Иако невообичаено, беше одлучено да се инфилтрира во група мигранти што се спремаа да го преминат каналот со чамец“, вели еден од изворите на „Дејли експрес“.

Сето ова не поминало без предизвици бидејќи отсуството на научникот било брзо откриено, а агентите за безбедност биле информирани дека по него е испратена специјална единица на Исламската револуционерна гарда.

Кога на Нова година пристигнал во Лид, во Кент, со 12 други мигранти, Иранцот бил интервјуиран од MI6 пред да биде пренесен во САД.

Спонзорирано: