12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грипот коси низ Македонија: Синоќа почина уште едно бебе – не било вакцинирано

Министерството за здравство јави за уште една жртва на мали сипаници, со што во период од неколку дена починаа три бебиња.

Синоќа починало 13-месечно бебе од Тетовскиот Регион, кое претходно не било вакцинирано.

Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето и упати апел до сите родители најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП-вакцината.

Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници, кое имало компликација на белите дробови.

Спонзорирано: