9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Граната од Првата светска војна пронајдена во Битолско

Артилериска граната во калибар од 75 милиметри од Прва светска војна била пронајдена во Битолско, соопшти полицијата.

Гранатата била пронајдена вчера околу 12 часот во атарот на селото Крклино, Битолско, односно на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари.

Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.

Спонзорирано: