15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Европските либерал-демократи усвоија резолуција за поддршка на Македонија

Делегација на Либерално-демократската партија, составена од претседателот на ЛДП, Горан Милевски, и Зоран Шапуриќ, министер во Владата од редовите на ЛДП, учествуваше на состанокот на Советот на АЛДЕ (Алијанса на либерали и демократи за Европа), кој се одржа на 9 и 10 февруари во Берлин, Германија.

На состанокот на Советот, меѓу другото, беше усвоена и резолуција со која европските либерал-демократи ја поддржуваат Македонија во напорите за полноправно членство во НАТО и почнување на преговорите со Европската Унија оваа година.

Со резолуцијата се поздравуваат преспанската спогодба и решавањето на долгогодишниот спор помеѓу Македонија и Грција како позитивен пример за градење добрососедски односи во Регионот на Југоисточна Европа и во Европа воопшто.

АЛДЕ исто така го поздравува потпишувањето на протоколот за приемот на Македонија во НАТО и ги повикува сите земји членки на НАТО да го ратифицираат протоклот во што е можно покус рок, притоа потенцирајќи ја својата долгогодишна поддршка на Македонија и на Либерално-демократската партија.

Истовремено, со усвоената резолуција се осудува давањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски од страна на Унгарија.

За време на настанот, делегацијата на ЛДП оствари многубројни средби со претседатели на сестринските партии од Европа, како и со пратеници во европскиот Парламент од редовите на АЛДЕ.

Спонзорирано: