Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа во Кочани

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Кочани.

Според информациите на МВР, вчера 04,30 часот било пријавено дека во Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ автомобил „киа спортаж“ со кочански регистерски таблици, управувано од О.Е.(35) од Кочани, излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.В.(20) од Кочани, а другите сопатници во возилото, С.Г.(40), М.Л.(20) и Ј.А.(21) сите од Кочани, се здобиле со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.

Во тренд…