Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Драматична промена на времето – УХМР со најнови податоци за многу студениот бран кој ќе ја зафати Македонија

фото Pixabay

Утре во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој во западните делови ќе достигнува брзина од 80км/час. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат и поројни.

Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и во местата над 600 м.н.в.

Под влијание на многу студен бран од север од вторник следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.

Во тренд…