23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk / илустрација
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Силни ветришта, многу дожд, по што ќе следи студ и снег: УХМР со детална прогноза за времето од понеделник

Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој наместа ќе достигнува 80км/час.

Под влијание на влажен бран попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер.

Од вторник подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на студен бран од северните делови на Европа што ќе услови значително заладување со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на пониските места.

Спонзорирано: