Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Исповед на студент кого го исфрлиле од дома

– Пред 3 години моите ме исфрлија од куќата, бидејќи ми го плаќаа школувањето, а јас во трета година оставив еден предмет за септември. Не ми дозволија ништо да оставам.

Бидејќи ми го бараа индексот, ги видоа и останатите деветки и десетки, но не беше запишан еден предмет. Бев редовен студент, прилично добар и заработував по малку, кога имав време им помагав на моите. Очувот никогаш не ме сакаше, затоа и го направи ова. Мајка ми никогаш не ме поддржуваше. За жал, во трета година го напуштив факултетот и заминав за Германија. Се снајдов по речиси година дена. По две години запишав економија тука, и ми помага една постара жена, на која еднаш и помогнав околу нешто сосема неважно. Заминав без зборови. Полицијата во мојот град ме бараше, но не ме најде, ниту пак некогаш ќе ме најде. И ако тука ме најдат, ќе кажам дека немам родители. Сам бев на овој свет, но откако си заминав од својата „убава татковина“ веќе не сум сам, дури и на некој начин сум среќен.

Во тренд…