Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Драстична промена на времето во Македонија – Силен ветер и снег низ цела Македонија

Времето утре ќе биде, Сончево со мала облачност и со слаб до умерен југозападен ветер со дневни температури од 10 до 16 степени.

Сепак во понеделник УХМР најавува драстична промена на времето, кога во текот на денот се најавува засилен јужен ветер кој во западните делови ќе достигнува брзина од 80км/час.

Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни, а во западните делови ќе преминуваат во снег.

Под влијание на студен бран од север од вторник следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а до крајот на неделата мала снежна покривка ќе се формира и на некои од пониските места.

Прогноза за 11.02.2019
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Претпладне умерено облачно, преку денот со засилен јужен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни, а во западните делови ќе преминуваат во снег.

Прогноза за 12.02.2019
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 0°C до 9°C
Променливо облачно со локални слаби врнежи од снег. Ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 13.02.2019
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: -2°C до 6°C
Променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Локално ќе провејува слаб снег.

Во тренд…