11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРАИЗБОР

Дали сте чуле за слоновите од Неготино? (фото)

Aмбасадорот на Кралството Холандија, Валтер Плом. на својот Твитер профил на Македонски јазик ја најави спектакуларната изложба во Природно научниот Музеј во Скопје.

-Дали сте чуле за #слоновите од Неготино? Пред 8 милиони години постоеле мастодонти големи 4 метри и тешки 10 тони: спектакуларна изложба во #ПриродонаученМузеј во #Скопје, напиша Пломп и ја објави следната фотографија.

Делови од праисториски слон пронајдени кај Неготино
Катници, вилица и екстремитети од праисториски слон кој живеел пред 8 милиони години беа пронајдени беа неготинското село Долни Дисан.

Како прв случај забележан во Европа и Азија да се откријат повеќе коски од ист род на едно место, велат палеонтолозите, со што се добива уникатна ситуација во светски размери.

Ова откритие ќе помогне да се дознае изгледот и начинот на живот на предокот на денешните слонови.

Истражувања укажуваат дека праисторискиот слон живеел на простор кој наликувал на денешните африкански савани.

Спонзорирано: