Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Влада: Лозарите ќе ги добијат своите пари
Дополнителна помош од државата ќе добиваат лозарите коишто го продале своето грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, а коешто досега не им е платено од страна на откупувачите, одлучи Владата на седница.
Висината на дополнителната помош, како што велат, ќе се утврдува според сортата на продаденото грозје, а којашто не е повисока од просечната цена за откуп на килограм винско грозје, во периодот од 2014 година до 2016 година.
„Врз основа на евиденцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и врз основа на анализите на терен на Државниот инспекторат за земјоделство, утврдено е дека голем дел од производителите на винско грозје го немаат наплатено продадено грозје во текот на 2014, 2015 и 2016 година. За таа цел, но и за им се помогне на производителите на винско грозје пред претстојната сезона, со одлуката се предлага да се исплати продаденото и ненаплатено винско грозје од страна на државата“, образложуваат од Владата.