Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Се воведува ефтина зелена нафта
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ја презентираше новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството.
Тој кажа дека во годинешната програма за првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација или „зелена нафта“. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.
„Корисници на оваа мерка се земјоделците што имаат поледелски, градинарски овошни култури и лозови насади. Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток кофинансирањето ќе биде 30 отсто од трошоците, со можност понатаму и да се зголеми овој процент. Оваа мерка ќе придонесе во значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. На овој начин враќаме 200 милиони денари пари кај земјоделците“, изјави Николовски.
Исто така, има новитети во мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар, која има за цел да направи раздвојување на развојните од социјално ориентираните мерки. Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесува 6.000 денари по хектар, додека 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, односно онаа категорија која тешко може да ги исполни стандардите кои ќе се воведат во процесот на усогласување со ЕУ, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците. Во претходните години за оваа категорија на земјоделци се исплаќале околу 49 милиони денари.