21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија може напред: Грција прва го ратификуваше протоколот со НАТО

Грчкиот парламент го ратификува протоколот за влез на Македонија во НАТО. Со 153 гласа „за“ и 140 „против“, грчкиот парламент по 10-часовна расправа го ратификува протоколот за членство во алијансата.

„Историјата ќе ни суди“, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас бранејќи го договорот од Преспа на долгата расправа во грчкиот парламент, која заврши со ратификација на протоколот, со кој ѝ се овозможува на земјава да стане дел од НАТО со името Северна Македонија.

Седницата почна со барањето на партиите Златна зора и Независни Грци да се зголеми мнозинството потребно за ратификување на документот од 151 на 180 пратеници или во спротивно, според нив, одлуката би била неуставна бидејки со неа се отстапувале суверените права на грчката држава. Барањето беше одбиено, а пратенците од СИРИЗА потсетија дека вакви прашања не беа иницирани кога се ратификуваа протоколите за пристапување на Албанија и Бугарија во НАТО.

Спонзорирано: