11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Заев не бара одговорност за винарските визби кои го украле грозјето на лозарите

Од вчерашната 119. седница на Владата произлезе скандалозна иформација дека одземеното грозје на лозарите од Тиквешкот Регион за 2014, 2015 и 2016 година сè уште не им било платено од винарските визби како откупувачи и притоа Владата донесе одлука со 2 милиони евра од буџетот да им се плати грозјето на лозарите, порача Единствена Македонија.

„Не е спорно дека лозарите треба да ги добијат заслужените пари за своето грозје. Но, скандалозно е што грозјето на лозарите со години не е платено, се знаат откупувачите кои на своевиден начин практично им го украле грозјето на лозарите, а Владата не побара веднаш да реагираат органите на прогонот и да ги сместат крадците на грозјето каде што предвидува кривичниот законик.

Што може да се очекува од марионетата Заев и СДСМ, кои и самите се заглавени во безаконие, криминал и корупуција, а во винарските визби како откупувачи на грозјето се всушност транзициските бандити на СДСМ од нивната криминална приватизација.

Странскиот измеќар Зоран Заев охрабрен од своите газди од НАТО, кои не ги интересира грабежот туку само сакаат марионети кои верно ќе служат, продолжува безмилосно да го решети буџетот за партиски потреби во пресрет на изборите. Одговорност за ова мора да има“, велат од партијата.

Спонзорирано: