5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Захарова: Русија не сфаќа од какви закани НАТО ќе ја штити Македонија

Русија не сфаќа од какви закани НАТО ќе ја штити Македонија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,на денешниот брифинг.

Таа додаде дека единствена сериозна сила што го дестабилизира регионот е војската на Косово.

„Косовската војска, која се формира од поранешни албански екстремисти, е единствена сериозна воена сила што го дестабилизира регионот. Не гледаме ниту една друга безбедносна закана и мораме да се запрашаме дали НАТО повторно ќе води војна против оние што самата алијанса ги обучи и на кои им даде оружје“, рекла Захарова.

Таа укажа дека Македонија можеби нема да може да има независна надворешна политика по пристапувањето во НАТО.

„Заштитата од НАТО секако дека ќе има своја цена. Сега ја знаеме цената затоа што Вашингтон ја соопшти. Всушност, ќе мора да ги зголемат одбранбените трошоци, да платат за учество во воени подготовки и операции што речиси не се од никаков интерес за македонскиот народ, а ќе ја изгубат можноста да се согласуваат со навистина независна надворешна политика“, рече Захарова, а пренесува руската новинска агенција „Тасс“.

Спонзорирано: