9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Оградата се отстранува, граѓаните ќе одлучат што ќе се прави со железото

Откако во вторникот на владина седница беше изгласано да се отстрани железната ограда околу Влада, денеска работниците почнаа со вадењето.

Оградата ќе биде ставена во депо, а што ќе се прави со неа, ќе одлучи Владата со граѓаните на дебата.

Од Владата велат за отстранувањето не се трошат пари од граѓаните, туку се користат внатрешните ресурси, односно постојаните капацитети на службите во рамки на Владата.

Одлуката за отстранувањето на оградата беше донесена со цел, како што беше наведно, да се ослободи целосно јавниот простор околу владината зграда, за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.

Отстранувањето на оградата беше најавено уште во предизборието од страна на владејачкиот СДСМ.

Спонзорирано: