9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Кирацовски: Македонија го доби своето место во НАТО, го оставаме зад нас времето на „заробена држава“

Македонија го доби своето заслужено место во НАТО, седна на иста маса со државите од развиениот демократски свет, во најмоќниот безбедносен сојуз, рече на денешната прес-конференција во Собранието, Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ.

Обезбедивме сигурна, стабилна и светла иднина за нашата земја, додаде тој.


„Во името на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, им честитам на сите граѓани за овој историски успех на Македонија. Нека ни е со среќа! Воедно, сакам да им се заблагодарам на сите колеги од овој парламентарен состав кои дадоа свој придонес, особено во клучните моменти за реализацијата на реформскиот процес и во имплементацијата на договорот од Преспа“, рече Кирацовски и посочи дека успехот на Македонија е успех на сите нејзини граѓани, на Владата предводена од СДСМ, на напорот и на други претходни влади, но и на Собранието.

Генералниот секретар на СДСМ истакна дека времето на „заробена држава“, изолација, уназадување и неизвесност останува во минатото.

„Освен безбедност, членството во НАТО обезбедува и сериозни економски придобивки за граѓаните, раст на инвестициите, зголемена конкурентност на македонското стопанство, забрзан економски раст, повеќе пари кај граѓаните“, кажа Кирацовски нагласувајќи дека како парламентарно мнозинство, СДСМ останува посветен на реформите за евро-интеграции.