11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Фан страна на фејсбук @zaevzoran
МАКЕДОНИЈАСВЕТТОП ВЕСТИ

Словенија го подготви предлог-законот за ратификација на протоколот за Македонија

Словенечката влада соопшти дека е дефиниран текстот на предлог-законот за ратификација на протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО, што беше потпишан вчера во Брисел и дека го доставила до националното собрание.

Од таму велат дека Западен Балкан е стратешки важен регион за безбедноста на Словенија, НАТО и Европската Унија.

„Проширувањето на евро-атлантската алијанса кон Западен Балкан останува еден од клучните катализатори на напредокот во регионот и обезбедува регионална стабилност“, се наведува во соопштението на владата на Словенија.

Протоколот за пристапување беше потпишан од страна на постојаните претставници на 29 земји членки во НАТО. Протоколот во име на Словенија го потпиша Јелко Кацин.

Следен чекор е ратификација на протоколот во парламентите на 29 земји членки на НАТО. Дотогаш Македонија ќе учествува на состаноците на НАТО како поканета земја.

Спонзорирано: