20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија ќе им помага на САД во мировните преговори со талибанците

Русија е подготвена да им помогне на Соединетите Американски Држави да ги продолжат своите преговори со талибанците за повлекување на своите трупи од Авганистан, објави новинската агенција РИА во четвртокот, пренесувајќи ја изјавата на руското Министерство за надворешни работи.

Коментарите дојдоа еден ден откако Русија беше домаќин на мировните преговори во Москва меѓу талибанците и опозициските политичари во Авганистан.

Претставникот на талибанците изјави дека не е договорена временска рамка со владата на САД за делумно повлекување на Американските воени сили од Авганистан и дека преговорите се во тек.

Спонзорирано: