9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Познати нови детали за состојбата со српската водителка Деа на која утрово ѝ беше откината раката

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, на која ѝ беше откината раката во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Белград, е стабилна и надвор од животна опасност, пренесуваат српските медиуми. Операцијата траела пет часа, а од Воената болница соопштиле дека првата фаза на пресадување завршила уредно.

Во соопштението на Воената болница се наведува дека треба да се има предвид дека станува збор за комплексна операција по која следува долг период на заздравување и дека по такви тешки повреди на екстремитетите, неблагодарно е да се предвидат деталите за понатамошниот тек на лекувањето.

Српската водителка остана без рака кога автобус налетал на неа. Ѓурѓевиќ првин имала сообраќајна несреќа, излегла од возилото за да разговара со другиот возач. Во тој момент на неа налетал автобус, кој ѝ ја откинал раката.

Спонзорирано: