7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Јанез Јанша: Изразив загриженост за состојбите во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Љубљана оствари средба со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша.

Двајцата соговорници во текот на средбата се осврнаа на повеќе теми кои се од регионално и билатерално значење.

Се дискутираше за дополнително ползување на капацитетите и одличните заемни односи на двете сестрински партии.

„Во текот на средбата ја изразив и загриженоста за состојбите во Македонија, пред сè темите поврзани со недостатокот на правна држава и владеење на правото, отсуството на структурни реформи во образованието и здравството, како и лошиот економски стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.

Како лидер на најголемата партија во Словенија, Јанез Јанша ја изрази својата поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и македонските стратешки цели.

Спонзорирано: