10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за неготинец во чиј дом биле пронајдени над 3 илјади петарди

Неготинската полиција поднесе кривична пријава против 57-годишник од селото Долни Дисан, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена поголема количина пиротехнички материјал.

Како што информираат од МВР, при претресот извршен на 24 декември минатата година, кај 57-годишникот полицијата пронашла и одземала 3.065 парчиња петарди и 14 парчиња пиротехнички средства за огномет.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

Спонзорирано: