10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТЕХНОЛОГИЈА

Италија ќе му забрани пристап на Хуавеи до 5Г-инфраструктурата

Италија ќе им забрани на кинеските компаниите „Хуавеи“ и „Зте Корп“ да учествуваат во 5Г-инфраструктурата на земјата, изјави италијанскиот весник „Ла Стампа“ цитирајќи одредени извори.

Со цел да го спроведе овој план, италијанската влада е подготвена да ги искористи таканаречените „златни моќи“ кои ѝ овозможуваат да отстапи од веќе склучени договори без притоа да треба да плаќа пенали, велат од весникот.

Хуавеи е под меѓународен надзор поради врските со кинеската влада и сомнежите дека Пекинг би можел да ја искористи технологијата за шпионирање, тврдење што беше негирано од компанијата.

Спонзорирано: