9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/архива
МАКЕДОНИЈА

Џепчија оперирал по градските автобуси – од четворица скопјани украл 47 илјади денари и телефон

Четири кражби извршени од 43-годишен скопјанец расчистија одделенијата за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров.

Кражбите скопјанецот ги избршил во автобуси на градскиот превоз и месарница на Зелено пазарче во периодот од 31 јануари до 1 февруари годинава.

Како што информираат од МВР, првата кражба била извршена во автобус на ЈСП, број 22, кога рабојникот од патничка во автобусот украл паричник во кој имало 7.000 денари и документи.

Второто дело 43-годишникот го извршил во месарница на Зелено пазарче кога од оштетениот бил одземен паричник во кој имало околу 40.000 денари.

Третиот случај бил при качување во приватен автобус, број 22, кога на патник му одзел мобилен телефон, а четвртата кражба ја извршил исто така, при качување во автобус, број 7, при што одзел паричник со документи и банкарски картички.

По целосно документирање на настаните, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.