5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девојче доживеа ужас во школо: Со вжештен предмет ги жигосал училишните другари

Во Економско-биротехничката и трговска школа во Задар еден ученик од прв клас во средното училиште буквално жигосал една ученичка и еден ученик со вжештен предмет во форма на буквата „У“.

На насилникот не му било доволно што ја жигосал девојката, туку и ѝ испраќал пораки во кои ѝ се заканувал со смрт, а нејзиниот татко тврди дека ја претепал и неговата друга ќерка, според Индекс.цом.

„Моето дете е под стрес. Денес воопшто не отиде на училиште бидејќи и синоќа доби заканувачки пораки во кои ѝ се заканува со смрт”, рече таткото на тинејџерката, Адем Шала.

Исто така кажа дека полицијата била запознаена со случајот и дека училиштето не презело никакви мерки.

„Тоа момче беше проблематично и пред тоа. Еднаш ја претепа и другата ќерка, која дојде дома целата во крв. Ужасно е што сè се случува во тоа училиште, и никој не прави ништо. Ова е напад врз моите деца, бидејќи ние сме припадници на албанското малцинство. Затоа ѝ ја втиснал буквата ‘У’ и ѝ рекол дека сега може да се фали дека е усташ”, рече вознемирениот татко.

Малолетниот силеџија прво ѝ рекол на неговата ќерка да му даде 10 куни или ќе ѝ ја изгори јакната.

Девојката му дала 10 куни, но тој сепак ѝ ја запалил јакната. Потоа, за време на наставата со вжештен предмет се обидел да ја втисне буквата „У” на нејзиното лице, но девојката успеала да избега.

Потоа ѝ ја жигосал раката, и тоа двапати. Насилникот го втиснал истиот предмет на вратот на уште еден ученик.

„Тој ѝ се закани на никого да не кажува ништо, па затоа молчеше од страв. Но, на часот по физичко, професорката ги забележала повредите и случајот го пријавила на класниот раководител”, рече очајниот татко кој се плаши за животот на своите деца.

Инцидентот се случил додека учениците биле во одделение за време на часовите, објави задарскиот весник.

Тинејџерката кажа дека насилникот ѝ рекол дека го сторил тоа затоа што му било досадно и дека тоа му е „зафрканција“.

Спонзорирано: