12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

70 судии ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

70 судии, заклучно со 6 февруари, поднеле тужби до Основниот суд Скопје 2, со кои ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата до 35 отсто сосе камати, потврдија од скопска „двојка“ за „Макфакс“. Бројот на тужби не е конечен и може да расте.

На средба во Владата пред премиерот Зоран Заев и министрите за правда и за финансии, Рената Тренеска-Дескоска и Драган Тевдовски, како и претседаелот на Здружението на судиите, Џемали Саити, било споменато дека ќе се прават напори во втората половина од годината со ребаланс да се обезбедат дополнителни 2 милиона евра за оваа намена.

На средбата било договорено да се формира работна група која ќе го разгледа прашањето за ретроактивна исплата за додатоците на плати. Судскиот буџетски совет лани донесе одлука со која им исплати додатоци на плати на судиите за два месеца од 2018 година. Здружението на судии ги повика судиите да ја тужат државата зашто не ги добивале овие надоместоци изминатите години.

„Макфакс“ објави дека и осумдесет и двајца обвинители од јавните обвинителства во земјата ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од 23,5 милиони денари или приближно 400 илјади евра, без камати и судски трошоци по истата основа.

(Makfax)

Спонзорирано: