13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Бошњаковски: Оградата ќе се трга, столбовите ќе останат

Железната ограда од Владата ќе биде тргната и сместена во депо, до донесување нова одлука што ќе се прави со неа, информираше владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. Владата за отстранувањето нема да трошела пари на граѓаните, ќе го направела тоа работен ангажман на службите во Владата, кажа тој.

„За отстранување на оградата ќе бидат искористени внатрешни ресурси, односно постојните капацитети на службите во Владата. Бетонските столбови ќе останат затоа што се длабоко вкопани од метар и триесет под земја и нивното отстранување ќе чини многу пари. Не планираме да трошиме пари и на грбот на граѓаните да ги исправаме грешките од претходната власт. Оградата ќе биде сместена во депо“, рече Бошњаковски.

На прашањето колкава е финансиската конструкција за отстранувањето бидејќи ќе има градежни работи при процесот, Бошњаковски уверува дека тоа ќе било направено бесплатно.

„Тргањето на оградата ќе чини 0 денари. А за тоа што ќе се прави со неа, ќе донесме одлука откако ќе ги консултираме граѓаните. Ќе одржиме една-две дебати и на еден инклузивен начин, по консултации со јавноста ќе донесеме заклучок кое ќе биде најдоброто решение“, рече Бошњаковски.

Премиерот Зоран Заев рече дека прво што ќе направи кога ќе дојде на власт ќе ја отстрани оградата и ќе размисли да направи клупи од неа.

Воедно СДСМ ветуваше и дека ова ќе биде еден од првите чекори што ќе ги направи, но тоа го прави по две години откако дојде на власт.Одлуката за отстранување на оградата, односно проектот за „отворена Влада“, како што го нарекуваат, го прави пред почнување на кампањата за претседателските избори и во јавноста се отвора сомнеж за популистички чекор.

Спонзорирано: