13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ципрас: Истанбулска богословија би ги зближила Грците и Турците

Грчкиот премиер денеска изјави дека потенцијална одлука на Турција да дозволи повторно отворање на Православна богословија на остров во близина на Истанбул би ги обединила грчкиот и турскиот народ.

Алексис Ципрас во среда ја посети Богословијата, во кој биле образувани генерации поглавари од православната црква, сè до нејзиното затворање во 1971 година од страна на турските власти.

Затворањето на училиштето беше еден од низата проблеми што се развија меѓу Грците и Турците.

„Сакам да верувам дека набрзо ќе дојде ден кога смеата на студентите повторно ќе се шири низ овие ходници“, рече Ципрас за време на посетата на Богословијата.

Турскиот претседател изјави дека училиштето може да биде повторно отворено во случај Грците да преземат чекори за подобрување на правата на исламското малцинство во таа земја.

Ципрас денеска ја завршува својата дводневна посета на Турција.

Спонзорирано: