Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Придобивки од Преспанскиот договор: Во светските медиуми Фиром веќе го нема, сега сме или Македонија или Северна Македонија
Грдата кратенка ФИРОМ со која многумина ја ословуваа нашата Македонија веќе ја нема.
Centar.mk при кратка анализа за последните написи на најмоќните медиуми во Светот кои понекогаш ја ословуваа земјава како ФИРОМ, забележа дека на ниту едно место од медиумите употреба на грдата кратенка.
Речиси во сите медиумски извештаи кои ги мониториравме, во насловите и во текстовите нашата земја најчесто е именувана како Македонија, а во одредени и како Северна Македонија.
Дали ова се првите резултати дека со Преспанскиот договор се зајакна идентитетот на Македонскиот народ и нашата земја конечно ќе биде именувана како што личи, останува да видиме, меѓутоа ова е навистина добар знак.
фото Screenshot/GoogleNews
Инаку согласно договорот Македонскиот народ, и натаму останува Македонски народ, додека за прв пат од страна на нашите соседи се признава и националност “Македонци” кои зборуваат “Македонски јазик” и имаат “Македонска култура, традиција, музика..”.
Согласно договорот интернационалниот код MKD и понатаму важи, а домејните и понатаму ќе ја соддржат кратенката .mk и .мкд. Единствено измени се предвидени кај регистерските таблички кои наместо ознаката MK ќе ја имаат ознаката NMK.
Засега е непознато како ќе се реши овој проблем, но најверојатно ќе се поставуваат лепенки на старите таблички со новата ознака со оглед дека илјадници граѓани се приврзани за својот број на табличките и ќе имаат можност да си го заддржат, а новите возила ќе добиваат нови таблички.