11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинителите на колегиум ќе расправаат за иднината на истрагите на СЈО

Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, свика седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители на кој тема ќе биде иднината на истрагите на СЈО.

На седницата што ќе се одржи утре (7 февруари) ќе се разгледува барањето за мислење од колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1, за начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија од 30 јануари годинава.

Како што појаснуваат од Јавното обвинителство на РМ, седницата е свикана во проширен состав, односно покрај Јовески и јавните обвинители во Јавното обвинителство ќе присуствуваат и вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Највисокиот суд минатата недела донесе начелно мислење дека рокот од 18 месеци за обвиненија и истраги СЈО требало да го смета од моментот кога биле преземени бомбите, а не поединечно од преземањето на секој предмет од редовното обвинителство.

Спонзорирано: