17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Пендаровски: Имаме гаранции дека ќе се забрза ратификацијата на протоколот за НАТО

Потпишувањето на пристапниот протокол за членство во НАТО ќе биде прва официјална употреба на новото име на државата. Иако употребата на Северна Република Македонија треба да стапи на сила по ратификацијата на договорот и протоколот во Грција, наместо претходно, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, во интервју за „Макфакс“ вели дека нема друг начин за да се почне процесот за полноправно членство. Тој е дециден дека блокада за НАТО нема од ниту една држава, но не исклучува тоа да се случи во преговорите со ЕУ. Очекувањата се дека процесот на ратификација на протоколот во сите 29 држави членки ќе заврши за една година.

„Има иницијатива на групата држави ‘Пријатели на Македонија’, предводена од САД, Велика Британија и Германија, кои сакаат да го забрзат овој процес, и се споменува тој рок (до септември), но објективно ќе биде тешко, да не ги креваме очекувањата граѓаните, сепак има 29 земји членки, има држави кои се федерации, кои бараат квалификувано мнозинство… Меѓутоа, имаме ветување и гаранции од некои од нив, што се однесува до поединечните парламенти, ќе биде во најбрзо можно време“, рече Пендаровски.

По потпишувањето на протоколот, до ратификацијата Македонија ќе може да учествува до дебатата на комитетите на алијансата , но без право на глас. По ратификацијата во грчкиот парламент, која ќе се случи до крајот на неделата, Атина ги известува и останатите земји членки.

Во интервјуто Пендаровски зборува и за можноста неговото име да се најде на гласачкото ливче на претседателските избори како кандидат на СДСМ, по завршувањето на внатрепартиските анкети и огласот што вчера го објави партијата за самокандидирање за претседателски кандидат.

(Makfax)

Спонзорирано: