11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

По 9000 евра субвенција за секој кој ќе се пресели во ова село

Во истиот месец кога во една сицилијанска општина се продаваат куќи за 1 евро, друга италијанска селска општина нуди 9 000 евра за оние кои ќе се преселат во неа.

Пред да ги спакувате торбите и да го започнете патот кон Локана, постојат неколку услови што треба да ги знаете.

Имено, секој кој сака да живее во оваа селска идила мора да има дете и годишна плата од најмалку 6 000 евра.

Градоначалникот на алпското село Локана, Џовани Матие, ја спроведува кампањата поради брзиот пад на населението од 7 000 жители во раните деведесетти години до едвај 1.500 денеска.

Понудата за преселба во напуштените куќи првично важеше само за италијански државјани, а денес ваквата можност се прошири и на други. Градоначалникот се надева дека ќе привлече млади луѓе кои можат да работат од дома или се подготвени да почнат нова работа во селото.

Инаку, селото има потенцијал за обновување благодарение на чистата енергија од хидроелектраната која се продава на државата. Со оглед на тоа што се наоѓа во срцето на националниот парк Гран Парадизо, особено се истакнува дека областа изобилува со природни убавини и е идеална за сите љубители на надворешни активности.

Спонзорирано: