11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Му се потсмевале зошто се презива Трамп, американскиот претседател го покани во Конгресот

Единаесетгодишниот Американец, кој е жртва на врсничко насилство поради неговото презиме Трамп, ќе присуствува на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, објави Би-би-си.

Џошуа Трамп од Вилмингтон во Делавер, не е во роднинска врска со претседателот Доналд Трамп. Неговите родители велат дека поради неговото презиме, другите ученици во одделението го викале идиот и глупав.

Сенатори и членови на Конгресот исто така повикуваат гости во Капитол, седиштето на американскиот Конгрес и ги користат за давање јасни политички пораки.

Но, Џошуа е еден од 17 гости кои посебно ги повикаа претседателот и првата дама на говорот. Родителите на Џошуа, рекле дека неговите злоставувања почнале во 2015 година, кога претседателот Трамп објави дека ќе се кандидира на изборите. Кога разбрале родителите што се случува, го отпишале од тоа училиште и една година се школувал дома. Потоа продолжил во друго училиште, но и таму продолжиле навредите.

„Рече дека се мрази себеси и воето презиме, дека постојано е тажен и дека не сака така да живее“ рекла неговата мајка.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Џошуа е жртва на булинг поради тоа што има исто презиме како и претседателот, тој е благодарен на првата дама и на семејството Трамп за нивната поддршка.

Спонзорирано: