12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мерцедес прегази жена во Битола – две страшни несреќи

Околу 05.30 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, 41-годишниот Д.М. од Кратово, управувајќи патничко возило „Даеву тико“ со кратовски регистарски ознаки, удрил во пешак.

Се работи за 85-годишниот В.Д. од Куманово. В.Д. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар Куманово.

Исто така, во 21.40 часот на булевар „1-ви Мај“ во Битола, 43-годишниот В.Т. од Битола, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.Н.(27) од Битола.

Од ударот Е.Н. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинск помош била пренесена во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Спонзорирано: