5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Меркел бара гаранции од „Хуавеј“ дека нема да праќа податоци во Кина

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека на Германија ѝ се потребни гаранции оти кинеската компанија „Хуавеј технолоџис“ нема да препраќа податоци до Кина, пред на компанијата да ѝ биде дозволено да учествува во креирањето на германската 5G мрежа.

Меркел, која се наоѓа во посета на Јапонија, рече дека поради загриженоста за безбедноста важно е да се разговара со кинеската влада со цел компанијата едноставно да не ѝ отстапува податоци на државата, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Хуавеј“ се најде на удар на меѓународна контрола поради, како што потсетува британската агенција, врските на компанијата со кинеската влада и сомневањата дека Пекинг би можел да ја користи технологијата на „Хуавеј“ за шпионажа, обвинувања кои фирмата категорично ги негира.

Спонзорирано: