10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мадуро до Трамп: Праќањето на војска во Венецуела е еднакво на лудило

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, ја осуди како луда идеја изјавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, за евентуалното испраќање војници во Венецуела.

„Да се зборува за војна во 21 век е еднакво на лудило. Дури и помислата да испратите ваша војска во земја која има луѓе да ја заштитат е луда господине Трамп“, рече Мадуро во говорот во Министерството за надворешни работи на Венецуела, пренесува агенцијата ТАСС.

Трамп во неделата изјави дека не ја исклучува можноста за ангажман на вооружените сили на САД во Венецуела.

Хуан Гуаидо, водачот на опозицијата во Венецуела и спикер на парламентот, се прогласи за привремен претседател на митинг во главниот град Каракас на 23 јануари.

Мадуро ја нарече оваа постапка државен удар во режија на Вашингтон и порача дека става крај на дипломатските односи со САД.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, од своја страна, повика на дијалог за решавање на кризата, додава ТАСС.

Спонзорирано: