9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Канада: Воз излета од шините и падна во река, тројца загинати

Три лица загинаа во несреќа во канадската провинција Британска Колумбија кога товарен воз излетал од шините, соопшти компанијата „Канадиен пацифик“.

Возот во текот на ноќта излетал од шините во националниот парк во близина на местото Филд, а настраданите се работници во компанијата.

,,Се превртеа 30 до 40 вагони со жито, додека локомотивата падна во река”, изјави портпаролот на локалното Министерство за животна средина. Компанијата соопшти дека возот не превезувал опасни материи и дека нема никаква опасност за јавната безбедност. Се истражуваат причините за несреќата.

Спонзорирано: