Италијанската влада гласаше шротив одлуката на ЕУ да го признае легитимитетот на привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гваидо, па тоа го направија поединечно земјите членки.
,,Заеднички изјави сигурно нема да има бидејќи некои земји се противат на тоа”, изјави министерот за надворешни работи на Шпанија, Џозеп Борел во Брисел.
Покрај Италија, сомнеж во оправданоста на одлуката за признавање на легитимитетот на Гваидо изрази и Грција. Досега десет земји го признале Гваидо, откако истекол нивниот рок до претседателот на Мадуро да распише претседателски избори.
Спонзорирано: