12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрија протерува илјадници луѓе – најмногу Европејци

Австрија минатата година од земјата протерала околу 4.700 луѓе, а повеќето од нив биле Европејци, пренесува порталот „Б92“.

Повеќе од 60 отсто од протераните лица се од европски земји, соопшти австриското радио „Oe1“.

Меѓу протераните најбројни се Словаците, Србите, Унгарците и Романците.

Дури 2.100 протерани лица биле граѓани на земји членки на ЕУ, што е 45 проценти од вкупниот број.

Ако на тоа се додадат Србите, Македонците, Албанците и Босанците, тоа значи дека 63 отсто од сите се протерани се Европејци.

Станува збор за лица без постојан престој, невработени или такви кои сториле кривично дело.

На прво место на листата на протерани граѓани е Словачка со 600, по што следат Срби, Унгарци и Романци, а дури потоа се Нигеријци, Грузијци и Авганистанци.

Спонзорирано: