5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се предаде главниот осомничен во бомбашкиот напад на катедралата во Џоло

Алијас Кама, главниот осомничен во смртоносниот бомбашки напад во катедралата во Џоло, им се предаде на филипинските власти, објави шефот на полицијата, Оскар Албајалде, пренесува „Раплер“.

На прес-конференција во Камп Крејм, Албајалде рече дека Кама и четворица неговите сорабтници се предале во текот на викендот.

Кама беше посочен како главен осомничен за бомбашкиот напад во катедралата во Џоло од страна на полицијата и војската откако виделе човек што личи на него на видеоснимките од реонот околу црквата за време на експлозиите.

Откако се покажало дека снименото момче е само ученик, полицијата и војската изјавија дека сè уште веруваат оти Кама е главен осомничен, наведувајќи разузнавачки информации. Тој претходно беше идентификуван како брат на убиениот лидер на Абу Сајаф, Сурака Ингог, кој загина во август 2018 година.

Спонзорирано: