17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Облаци црн чад се креваат од гинекологијата во Чаир

На социјалните мрежи денеска почна да кружи видео снимка на која е направена од Специјалната болница по гинекологија во Чаир, каде што се гледа црн чад од оџаците на болницата.

https://www.facebook.com/kadir.avdiu.97/videos/1064297587113334/?t=0

Во коментарите на социјалните мрежи граѓаните прашуваат на што се грее болницата, и што го проиведува тој црн облак кој излегува од оџаците, во коментарите може да се забележи и дека грашаните кои поминуваат или живеат таму се жалат на непирјатен и лош мирис.

Скопје до пред неколку дена беше на врвот на листата за најзагадени градови во светот, додека пак утринава се спушти на 11-тото место. Владата пред околу една недела воведе и превентивни мерки и препораки против аерозагадувањето кои за само два дена беа укинати, со образложение дека загадувањето се намалило.

Загадувањето во главниот град е долгогодишен проблем со кој се справуваше и поранешната, но се справува и сегашната власт, но на проблемот со загадувањето му нема крај. На граѓаните им преостанува да се надеваат дека најавениот југозападен ветер, кој според синоптичарите ќе дува во текот на денот, ќе го задржи минималното ниво на ПМ10 честички во воздухот. (Макфакс)

Спонзорирано: