8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Се самоуби ракометарот Новак Бошковиќ

Српскиот ракометар Новак Бошковиќ извршил самоубиство во семејниот дом во Црвенка. Според српските медиуми 29-годишниот Бошковиќ со пиштол си пукал во главата.

Во моментот кога го извршил самоубиството, чии мотив дополнително ќе се утврдува, во домот била неговата сопруга.

Бошковиќ во кариерата како десен бек настапувал за Копер, Макаби Тел Авив, Татбања и Динамо Букурешт.

Во кариерата пет пати настапил за националниот тим на Србија. Бил дел од репрезентацијата на Европското првенсто во 2016 година.