10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Унгарските учебници по историја ги загрижија наставниците

Наставниците во Унгарија се сериозно загрижени поради содржината на учебниците по историја во земјата поради антиимиграционите ставови претставени во нив.

Делот за мултикултурализам прикажува бегалци собрани под железничка станица во Будимпешта. Под сликата е една од изјавите на премиерот Виктор Орбан во врска со опасностите од миграцијата, која гласи: „Тоа што Унгарија е хомогена земја го сметаме за една од нашите вредности“.

Учебниците одобрени од владата на Унгарија се дел од реформите во образованието, а критичарите тврдат дека тие се само еден фронт во владиниот поход да ги преобрази образованието и земјата според своите христијански, националистички ставови.

Орбан исто така укина и неколку академски програми што се не се совпаѓаат со неговите конзервативни вредности поради што еден од водечките универзитети во Унгарија мораше да ги префрли своите студиски програми во странство.

Претходно, училиштата беа под надлежност на општините, но во последните неколку години владата ја презеде таа обврска, која вклучува и обезбедување учебници. Според портпаролот на владата, Золтан Ковач, таквиот чекор бил направен со цел да се решат проблемите со недостигот на средства во образовниот систем.

Спонзорирано: