Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Температурите ќе скокнат на 16 степени – Метеоролозите со убави вести за времето

Следува период на променливо облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

По одделни котлини ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб, а во среда со умерен интензитет кога на планините врнежите ќе бидат од снег.

Детална прогноза за следните денови

Прогноза за 03.02.2019
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Умерено до значително облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд.

Прогноза за 04.02.2019
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 14°C
Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 05.02.2019
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно со сончеви периоди.