4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стотици возачи во Британија ноќта ја минаа по автомобили и пабови

Стотици возачи во Британија минатата ноќ ја поминаа во своите автомобили или во засолништа, како пабови и училишта, откако обилни врнежи од снег го погодија поголемиот дел од земјата.

Најниската температура од минус 15,4 степени Целзиусови е забележана во повисоките места на Шкотска, што е најниска регистрирана температура во Велика Британија од 2012 година.

Дури и жителите на Лондон денеска ги изненади снежна покривка.

Полицијата ги советуваше возачите да не патуваат доколку тоа не е неопходно.

Во југозападниот дел на Англија, повеќе од 100 луѓе ја минале ноќта во „Јамајка Ин“, оддалечен паб од 18 век, прославен со романот на Дафне ди Морије, откако нивните автомобили се заглавиле на блискиот пат.

Еден од нив, Пол Дру, изјавил дека луѓето пристигнале рано наутро, откако ги оставиле автомобилите и пешачеле со километри.