4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собранието итно свика седница за да одлучи дали на Љупчо Димоски ќе му го одземе имунитетот

Собранието за утре свика итна седница на која ќе одлучи дали на ексминистерот Љупчо Димовски ќе му го одземе пратеничкиот имунитет.

Како што е наавено, на дневен ред е барањето за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од Основен суд Скопје I, Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција.

Поранешните министри Михаил Цветков и Христијан Делев завршија во притвор, а ексминистерот Ацо Спасеновски поради здравјето заврши во куќен притвор. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувањето при јавни набавки”.